раме (имн.) - и (сврз.)

Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Партизаните ги прекрстија рацете на рамењата и за миг одекна песната: „Друже Тито, љубичице бела, Тебе воли омладина цела. Друже Тито, љубичице плава, Ти се бориш за народна права!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во тунелите што се создаваа на тој начин момченцето полека се губеше, поправо тонеше, па кога некој би гледал отстрана би му ги видел само рамењата и главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му ја раскина кошулата и неговите тврди прсти бргу зашетаа по градите, рамењата и рацете.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор го зграпчи за рамења и го тресна жестоко во ѕидот. Арсо се струполи наземи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)