ракија (имн.) - му (зам.)

Ракијата му помогала да се чувствува како младоженец и да заборава дека грбот му бил свиткан под товарот на мачниот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Умирал во својата радост и израснувал од самиот себе нов и силен; на неговата подмладена крв и сонцето можело да се испече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ракијата му се цедеше во танок млаз низ брадата; не ја бришеше и се клештеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ракијата му претекува преку уста. Врие, клокоти, и се покрева капачето. И пак: у здравље, здрами се, напи се!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не е веќе оној Пецо. Ракијата му ги изгорела џигерите. Лежи и вика, добога се слуша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)