ракија (имн.) - бев (гл.)

Некој беше донел билначе ракија, друг билнак вино - ракијата беше едногодишна, виното пак годинашно, а на решото се вареа јајца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Шишето со ракија беше прикрај, а нему погледот по малку му се замаглуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За услугите што им ги вршеше, му плаќаа добро, а често и го честеа: му даваа шише или пагур со ракија да се напие; бидејќи ракијата беше различна по јачина и од различни плодови: слива, муренка, грозје - тој само ќе ја пробаше малку, а другата ја туриваше во билакот што го носеше со себе, и кога ќе насобереше доволно, ја препечуваше во селските казани и си ја правеше по свој вкус и јачина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)