рака (имн.) - ќе (чест.)

Ми се налути затоа што од него побарав нешто за што не разбрав дека не е подготвен да го направи, а мојата балканска душа веруваше дека тоа во најмала рака ќе го расположи, ако веќе не го израдува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас се уште го сакам исто како и кога бев мала со таа разлика што сега знам дека тоа не беше поради подароците што ни ги носеше, туку заради радоста што неговото присуство ја будеше во нашата куќа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со истата брзина раката ќе ми избегаше пред оган; чија и да е смрт или повреда на истиот начин ќе ми ја одземеа силата; а имаше многу причини да се замрзнам, бидејќи, на пример, 118 okno.mk чувствував дека мојата сопствена смртоносна болест се придвижува; но ништо од тоа не можеше да ја предизвика одвратноста до којашто доведе тоа нејасно препознавање, а тоа е реакција на целата моја природа која го премавна моето разбирање и ме наведе да отстапам како пајак.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Чув од домаќинот дека во амстердамскиот градски парламент „хипиците“ добиле на изборите две пратенички места, а од уште пет добиени се откажале, под изговор дека, ако имаат власт во рацете ќе бидат и против свиоте идеали за кои се борат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
СЛОБОДАТА: Денес робот ќе го крене својот глас и со оружје во раце ќе се обиде да ги скрши оковите што ги влече цели пет века!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Птиците преселници често ги фаќа дремка, па дури отпосле ќе разберат дека градот станал арамиско гнездо – што окото ќе види, раката ќе дрпне.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Слушајте го ова. Некој клинец во Лос Ангелес наполнил 15 години.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствениот и вистинскиот законит “Син на Човекот” со една рака ќе го излечи момчевиот трипер - и тоа само со допир, народе - а со другата рака ќе го создаде чудото наречено марихуана, додека оди по вода и прска вино од задникот...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со рацете ќе му ги стоплеше неговите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И ќе го милуваше нежно, душевно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овој величествен пречек што му го приредија неговите брезничани го натера да си заблагодари самиот на себе што реши да се врати во стари крај каде што со отворена рака ќе си ја троши својата американска пензија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знам ни дали само така, со голи раце ќе нападнев на поганците, како што го сторив тоа со децата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наведнувајќи се, честопати и ќе офнеше, а потоа ќе се исправеше и со рацете ќе се фатеше за половината.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И се молев така за душата на Писмородецот, а тој ме биеше додека не го уби Бога во мене, и потем рече: „Рацете ќе ти ги исечам ако уште еднаш те видам да сочинуваш од многу нешта едно, цело“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме избрка и на вратата ми рече: „Рацете ќе ти ги искршам ако уште еднаш те фатам да пишуваш вакви глупости!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако уште еднаш фатам некого да пушта ливчиња на часовите, рацете ќе му ги искршам!“, рече Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Ќе го ставам на рамо јастребот, растурената вреќа со пченица треба да ја врзам, тебе на раце ќе те земам: да тргнеме во потрага по бикот Чако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Подадените раце ќе се прекрстат околу Прилеп-Битола.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се уплаши и дури и сега јасно се сети на чувството на студ во вените, се уплаши дека толпата ќе го убие, дека со голи раце ќе го раскине на парчиња.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во рацете, и во рацете ќе ви откријам имињата Што ги завезав на парче трула хартија Но тоа е од времето изминато Далечната 1492 година?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Последната ружа в рака ќе ти свене Треперливо, празно В МОЛИТВЕНИК, молитва ќе читаш!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Со голи раце ќе го допреш жарот Последната желба, родот свој го дава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И веќе самиот ќе ги исече, ќе го собере семето во посебно хартииче и ќе започне со јадењето. okno.mk 135
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа ѝ вели на Гапка да му ја донесе мастилницата и сам, со сопствена рака ќе ја напише хартијката со семето: “Оваа диња е изедена на тој датум”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со својата остра сабја ги расечувал огромните карпи с¯ додека од една не бликнала вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МАРКО КРАЛЕ ГО ГРАДИ ИСАРОТ ВО ШТИП Имам слушнато од луѓе да Кралевиќ Марко го градел Исарот, а имал сестра Марија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вечно ќе остане само она што со своја рака ќе изградиш за доброто на народот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Цревата на рака ќе му ги навиткам, вели Мисајле зазбивано, како кокошајнца ќе го изгазам, во чкембето ќе му стапнам, вели Мисајле со модра и збувната уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми е страв. Ако разбере Јон мој, коските ќе ми ги искрши, в раце ќе му се прошетам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со едната рака ќе си потурам, со другата ќе се замивам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подоцна неговите раце ќе бидат бавни, трепетливи. Не од старост, не. Од друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, потоа ја обземаше некој чуден мир, штом раката ќе ја спуштеше на мекиот стомак.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Новопечената мајка, речиси, со сопствени раце ќе си го задавеше новороденчето. По само три месеци, бракот се распадна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Туку гледате некој цела рака ќе ви ја вотне в уста, в очи, ќе ви ги извади очите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кажано поедноставено, без хаику безредија: кога ловецот е плен на неморален морал, и кога некој жирант ќе заборави на навременост од скршените садови на ланската зимница, потонат во мамурлак со срча во крвавите раце ќе сликам акварел, портрет на зборот во тесен чевел. Нено Богдан ***
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Роман што може да се напише дури откако низ рацете ќе поминат многу книги, низ душата многу премрежија, а низ срцето на детето многу сцени кои од него прават дете што се сеќава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Скокни, та сврти се во некој луд валцер и полни раце ќе одимаш, но и празни очи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Со таквите очила и ракавица на раката ќе можеме да играме виртуален ракомет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А ми се настрани самарот — мажот со мене, децата за рака ќе си се дела, ако сака прескакулица нека игра со нејното“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од оваа црна планина Кон сонцето раце ќе кренеме На погибел В сонце дур да се најдеме Ако не стигнеме Во црната трошка закопајте нѐ, Ако не стигнеме во воздухот угушени побарајте нѐ, Ако не стигнеме Рацете отсечете ни ги, На сонцето однесете му ги, Место нас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
По повеќепати навечер сè некој ќе се најдеше да му пристапи насмеано, со криглата пиво во едната рака и со двата прсти од другата рака ќе го фати на пример за ногавицата од пантолоните.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зениците ќе ги кријам од сонцето или, сеедно, од ѕвездите, додека рацете ќе ми висат како мртви крилја и ќе треперат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со голи раце ќе се корнат ридови, со илјадници еднотркални колички ќе се разместуваат пределите во релјефот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Одвреме на време Шишман, одмавнувајќи со рака ќе пристореше: - Ах! - Е? - Пак ништо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Течењето на љубовниот оган под кожата го убрзувал процесот што ги зајакнувал крилата и ја поттикнувал желбата за летање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само да ја кренеше раката ќе го дофатеше највисокиот грозд!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели таа тврдеше дека еден ден рацете ќе ѝ се престорат крила, а во тоа престорување најмногу можело да придонесе упорното галење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не заборавај: златото толку сјае што во многу случаи ја има ослепено и најголемата чесност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас му имам речено и на татко ти: чесните, на едната рака ќе ги изброиш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Уште малку па на една рака ќе можеш да ги изброиш таквите, Семјоне“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ние, чорбаџи Давадос, како на кум ќе ти имаме чест и на раце ќе те носиме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Е, сега ти отиде многу далеку, чорбаци Теодосе. Не е ред...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само што ќе застанеш пред него, колената ти се тресат, рацете ќе ти се земат.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Прашај ме мене за тоа, зашто паталец, гаталец. Туку има еден лек.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со едната рака ќе го удира, а со другата ќе му ја затвора устата за да не му се слуша плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од една рака ќе ме одбијат, на друга ќе ме начекаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се фатиш да се обришеш, кожата в раце ќе си ја најдеш, на голи вилици ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напати ќе земе да се удира по раце и рацете ќе си ги крие во џебовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И можеби некогаш таму, во некое друго време, раце ќе се подадат над нашите коски, ќе ги израмнат гробовите и врз нас мислите ќе полетаат високо до небото...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И си мислам дека со овие раце ќе ги подигнеме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
“Ќе ја засечам, си мислев, ќе ја исечам до половина, а потоа ќе се префрлам од другата страна, ќе се придржам некако за стеблото и со едната рака ќе ја досечам...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
МАТЕЈ: Никого не држам во лисици. БОРИС: Не лисици, со овие раце ќе те задавам ако треба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да го исчистиме долниот пункт: чизмите, горниот пункт - тилот ќе го одбележиме со капче; на рацете ќе ставиме блескави манжетни, а на плеќите еполети.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Наведнувајќи се, честопати и ќе офнеше, а потоа ќе се исправеше и со рацете ќе се фатеше за половината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)