рака (имн.) - барем (чест.)

Кога претпоставуваше дека Злата мора за излезе од дома во дворот или да оди некаде, со часови седеше скриен зад оградата од дворот и чекаше; некогаш успеваше да ја види, па дури и да ја пресретне, да ја задржи за рака барем за миг и да ѝ каже, да ѝ се заколни во што сака - дека му поминала болеста, дека не станува ноќе, но таа молчеше или расплакувајќи се, ќе му речеше: - Таа болест не поминува... вели тате.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гоце, единствената надеж на мајката, му ја стискаше раката како да сакаше да го додржи до свест, го плескаше по бескрвните образи со галежни шлаканици, молејќи се да го има жив во рацете барем додека не се појави таа секогаш Брза помош или додека не долета тој волшебник од лекар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)