рака (имн.) - цврсто (прил.)

Срцето му затупа посилно, но рацете цврсто ја стискаа берданката и никаква тревога или расејаност не доби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледни ме, рече тогаш, и запамети ме, и сè што правеше потоа - го правеше со рака на срцето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И кога пишуваше и кога зборуваше раката цврсто го стегаше срцето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Под розите во една огромна рака цврсто беа стегнати две чаши и шише црвено вино.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Нема вода!“, викнав кон него како да барам помош, држејќи се со едната рака цврсто за капакот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја завитка едната нога околу сајлата, со рацете цврсто се фати, и јас внимателно ја одвивав макарата надолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со едната рака цврсто го држеше ременот, а со другата и со нозете го клоцаше снегот, го распретуваше, настојувајќи да го ослободи животното.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни ги стегна рацете цврсто и возбудено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
7. Со каиши на нозете ги прицврстив качувалките а во обете раце цврсто држев по една поголемка вакуум-гума за одзатнување на одводни цевки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)