рака (имн.) - само (прил.)

На крај го фати за врат еден ‘рмпалија, за да му остане нему што беше од републичко ниво во рацете само кожурецот, а тој да се прпелка како бубалка потаму по затвори, судови и логори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Точно вака гласеше мудроста што ми се откачи, и тоа во миг на невнимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реди: греди, трупчиња, душемиња, колца, коралници, пељушки. И со рацете само мавта, ја турка водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност бев рекол: „Кревам рака само по јаболко што и без тоа тргнало да паѓа“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само она што ќе го сетиш во раката само тоа е твое“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги пуштавме од раце само тогаш кога од јарешкиот вресок ќе ни оглувеа ушите или ќе нѐ заболеа нозете од клоцање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)