рака (имн.) - навистина (прил.)

Јас ја испружив мојата рака кон него, и му кажав дека понекогаш сонувам како паѓам и како ја подавам раката за да се придржам за некоја друга рака, и мојата рака навистина се испружува додека спијам, и удира од ѕидот, па од тој удар се будам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ги милував чувствував како кожата ѝ станува најмеко перје.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Понекогаш,“ му реков, „кога сум будна и ми е тешко, посакувам покрај мене да има рака, и да ја фати мојата рака.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ете тоа беа моментите кога не само што помислував туку и верував дека, во нејзиниот случај, милувањето има волшебната моќ и дека рацете навистина ѝ се престоруваа крила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)