рака (имн.) - сам (прид.)

— Не знам, велам, раката сама ми избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И раката сама посегна и ја дофати четката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И рацете сами ми отидоа таму, се фатив за удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Погледнува: тоа не е Лила. Тоа е некое девојче што никако не личи на неа. Раката сама му се спушта долу.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)