рака (имн.) - пуштен (прид.)

Седна како што седнуваше секогаш на работ, со прибрани колена и со рацете пуштени во скутот, а потоа, кога почнуваше да зборува, лицето му стануваше повозбудено, малку запалено, и десната рака ја ставаше горе на масата. Јас бев воздржан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Маме ви ебам“, им рече Андон, удирајќи ги двете по задниците со широко отворени дланки на што Лилица се изнасмеа необично гласно и, благо допирајќи му ги тестисите со раката пуштена зад себе и вовлечена меѓу нозете на пријателот, му шепна: „Малку ли ти сме ние двете, куре едно?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако татко ми ќе нè избацеше нас, застануваше пред мајка ми со рацете пуштени надолу, а таа со воздржаност, ќе му ја фатеше дестана рака и Боже, Боже колку ќе му ја избацеше, а кога ќе ја кренеше главата – лицето ѝ беше полеано со солзи радосници.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)