рака (имн.) - нивен (прид.)

Сега-засега во рацете нивни сме, и со голи раце ништо не можеме, ама господ е голем, ќе видиме!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А за да може таа да ме спаси од рацете нивни, тоа не може ни да се помисли!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Гледам во рацете нивни и мислам дека тоа и дрвјата од околу се наведнуваат да им дрпнат од месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред нив одеше и мавташе со големите раце нивниот цар, Кузман.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)