рака (имн.) - покажува (гл.)

Трагајќи, се изгубивме меѓу зградите. Со раце покажуваме де на едната, де на другата страна, со што го привлековме вниманието на минувачите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги поведе право кон масата, го фати челното место, постоја малку да ги поподаде рацете покажувајќи им да седнат и си се смести.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие силно му се заблагодаруваа климајќи со главите и насмевнувајќи му се, а тој само немо им се насмевна и замавна со раката покажувајќи дека тоа не е ништо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оние што си ги препознаваа шејовите се туфкаа на глас, посегаа со рацете покажувајќи кон нештата, ама никој не се обиде да се лизне од вагоните по нив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)