развој (имн.) - во (предл.)

Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Овие примери служат само како вовед во некои од можностите за поставување прашања кои го охрабруваат реавторизирањето на животите во согласност со преферираните приказни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во приме­рите, овие прашања се ориентирани прво на алтернативните нивоа на акција и второ на алтернативните нивоа на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Помеѓу многуте можности е и поставувањето прашања кои можат да ги доведат во преден план идните промени во развојот во нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дадени се и примери на прашања кои ги охрабруваат индивидуите да ги доведат во прв план “интимните особености” на идните промени во развојот во нивоата на акција и на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова доведе до идентификација на различни настани кои имаа анти-аноректичка природа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ја замолив Еми да ги вреднува овие анти-аноректички состојби: Дали таа ги смета за попривлечни и пожелни правци на развој во нејзиниот живот, или пак за тривијални и непривлечни?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со тоа Сара, витка жена на нешто преку четириесет години, физичар аматер која почнала да се занимава со пишување како со хоби пронаоѓајќи го таму она за што сега верува дека е вистинска активност, од сеќавањето ја бележи (на хотелски лист хартија, со молив со знак на авиокомпанијата Делта) формулата на Ервин Шредингер која прикажува развој во време на брановата функција на физичките системи, аксиом од квантната механика: /еве ја формулата/ „Топката”, рече таа потоа, брзо вртејќи се на стомак, „сега е на твоја страна.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)