радост (имн.) - кој (зам.)

Со какви очи ја гледаш сликата пред тебе, боите на меланхолијата и радоста кои со еден храбар потег на четката на белото платно се гледаат чудесијата на моментот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Откако ќе погледне во болен човек таа никогаш веќе нема да го симне погледот од оној кој брзо ќе заздраве и никогаш веќе нема да погледне во очите на оној на кого му нема спас.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Татко молчеше. Ја гледаше со извесна радост која се читаше и по нејзиното бело, негувано лице.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Отворајќи ги очите (можеби веќе врескаше) виде дека се раздвоиле. Сега навистина вресна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја стегаше преслабата жена, чувствувајќи ја цела, потполна во нејзината прегратка, со радост која се возвишуваше како химна, како гулабите кога ги пуштаат, како распеаната река.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше отсутен, далеку со мислите, отсутен од ситните радости кои ги подготвуваше Мајка, за да го оттргне од внесе­но­ста во големиот пат, во големите идеи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)