радио (имн.) - ги (зам.)

Сега и директивите како да папсаа. На радиото ги немаше поранешните апели против козите придружувани со револуционерни песни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа, во сите тие страшни денови, кога радиото ги соопштувало имињата на загинатите во земјотресот, со ужас го слушнала и името на една своја соученичка од времето пред да се запише во учителска школа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)