работа (имн.) - според (предл.)

Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Аха! проѕрна по некој бунтовник меѓу работниците!“—си помисли Челебијата и го утеши Толета дека ќе му се плати работата според пазарот, само да не се кара со чаушите и гавазите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Работодавачот е должен да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување и/или полово вознемирување (чл. 43, ЗРО). 6.  Структурата на договорот за вработување е законски регулирана, и тој особено треба да содржи: 1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште; 2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот го склучува договорот, со краток опис на работата што ќе ја врши; 4) место на вршење на работата – а ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот; 5) време на траење на работниот однос – кога е склучен договор за определено време; 6) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време; 7) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време; 8) одредба за висината на основната плата, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување; 9) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор; 10) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и 11) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој работник, кој работи со скратено работно време, има право на плаќање за работата според стварните работни обврски, како и други права и обврски од работниот од- нос, исто како и работникот кој работи полно работно време – ако со овој закон поинаку не е определено (чл. 122, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во посебни случаи, работникот кој работи помалку од полното работно време во согласност со прописите за ПИО, или со прописите за здравствено осигурување – остварува права од задолжителното социјално осигурување кога би работел со полно работно време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еве вака му доаѓа работата според тоа како што мене ми сечи умот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)