работа (имн.) - што (зам.)

Но, има некои работи што се типични за Софија и на кои овдешните луѓе се жалат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Другата е искитена и подредна со поинакви и попривлечни работи што при прво влегување збунуваат и занесуваат: ѕидовите, масичките, прозорците и ќошињата се искитени со сликички од секаква големина и изработка: чоколади, од весници и списанија, божиќни и велигденски ангелчиња и светци промешани заедно со татко му на Колчо кога бил војник, со брат му на Танаса, со мајка му на Васе кога била невеста, со татко му на Колета кога го закопувале и, најпосле, со дедо ми - кога на некоја веселба во рацете стиска кренато буре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали треба да ме загрижува ваквото непресметливо однесување на мојот ум?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тоа приватните прашања што немам сили да ги разрешам со обично испитување па дури и со наредба, или со удар на раката по бирото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас, не сакајќи, на глас ги соопштувам работите што ме мачат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му кажувам и за многу други работи што самиот ги знае, ама не ги гледа и не ги слуша. И така скоро си отидоа сите командири.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одржувањето на бакалницата, копањето на каналот и снабдувањето со динамит биле ризични работи што барале луѓе, пари и време.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Избезумена, не чувствувајќи ги ударите на секакви работи што паѓаа врз мене, се стрчав назад во станот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Седев на мојот кревет, гледав во празниот кревет на Отла, ги префрлував од една во друга рака работите што таа ми ги имаше оставено: неколку рала гаќи, еден фустан, една сукња, две кошули, чорапи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена потоа се породи Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
87. Воопшто, тие се готови да се занимаваат со работи што бараат малку труд, но даваат голема популарност и самоувереност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подготвувањето револуција е работа што можеби бара умствено работење, но тоа работење не е толку мачно и толку ценето колку што си мислат револуционерите – младата наш интелигенција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Делкавме главини, лактишта, спици, ражништа, растоки, јареми. И сите работи што им требаат на коларите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На почетокот Лилица негодуваше на моите постапки, се интересираше за работата што требаше да ја завршам ноќта, а потоа спласна, оладе, стана рамнодушна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури на прашањето од свети Ксавиер, врагот само се усмевна, не удостојувајќи го со одговор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѝ ги нареди имињата на бродовите со кои пловел и различните работи што ги вршел на нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден ден тој се скара со Френк и оттогаш мораше да се гледа со саканиот само скришум. На улицата се сноќуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се колнам, за цело време тој не го слушаше говорот, аплаузите и сите Други брливи работи што го заслепуваат човека, со жедни очи гледаше само во нас, во секое дете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Првата работа што мора да ја сфатиш е дека власта е колективна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има работи што не се за продавање...“, Симон некако наврапито рекол: Ами, тогаш и потопувањето на Долнец е еколошко прашање.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си се преврза Дочка со тулбенот, ја омолкна метлата, ги измете сите мутли до каде што можеше да стаса, фрли шутки, паници, опурчаци и други непотребни работи што стоеја таму со години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работи што на авторот радосно му го привлекуваа вниманието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ви се молам, браќа мои, кажете ми каква е оваа работа што ми знаете сѐ што имам дома?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тргна полека надолу мислејќи само на работата што требаше да се стори ноќеска и така речиси и не сети кога сурнал в река.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Чекаме и си ја бркаме работата што ни е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)