работа (имн.) - ми (зам.)

Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А ако помине, Пандо, за нас тогаш е крајот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чудна работа ми паѓа у очи како тоа на сите јавувачи успех им стои, а толку несреќни се јавуваат кај дотичнава особа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Цело попладне го поминав со Коста. Многу работи ми раскажа, многу.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одкако дојдов овде, многу работи ми се помешаа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Животот во Прифатниот центар за Илона беше живот во еден посебен свет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Илона сега е во Равена. Со својот Јирачек. Таа најверојатно е среќна. За многу работи ми беше десна рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Истата работа ми падна на ум вчера, не знам зошто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)