работа (имн.) - го (зам.)

Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А сега главната работа го тера да оди кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко често ни кажуваше дека работата го чини самиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Работата го обзема, па не ни забележа дека денот одамна беше го минал пладнето и полека почна да се губи зад ридјето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
" А некаде пред Нова Година кога разбрав колку е сериозна работата го молев Господ: "Господе, те молам остави го уште една година, нека поживее, не ми го земај сега, ниту по мое, ниту по твое…, те молам уште една година…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во пролетта 1881 османлиската власт во Битола успеале да го откријат заговорничкиот кружок во Крушево и Охрид, а потоа и раководителите на прилепскиот кружок.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во својата работа заговорниците собирале оружје, муниција, формирале кружоци, а за својата работа го информирале и рускиот конзул во Битола.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ќе се истопи како свеќа, него работата го држеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работата го изострувала секогаш и него, како оној метален писок на бичкијата, тука и сите свои движења тој ги чувствуваше како му стануваат такви, се чувствуваше роден за тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Токму така – лудилото е избегнување на обврската да се биде човек.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По ручекот имаме мал одмор, па потоа одново работа, бидејќи, како што реков – работата го создала човекот, и одново ќе направи човек од оној кој ја избегнува таа обврска.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)