пчела (имн.) - во (предл.)

Грижите на работата во Комесаријатот му го толчат мозокот и штом ќе има малку послободно време, мислите му се ројат како пчели во темна кошница и тогаш почнуваат неговите неиздржливи главоболки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жубореа како рој пчели во кошница и сите се приготвуваа за свечен пречек.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стрико ми ми ја стави раката на рамо и ми рече: - Синко, наведни се и слушај го шепотот на тревите, слушај го завивањето на ветрот меѓу стеблата, слушај ја водата како шуми кога се пробива меѓу камењата, слушај го брмчењето на пчелата во чашката на цвеќето, а ќе слушнеш многу повеќе отколку на друго место и, не само што ќе ја слушнеш, ами ќе ја научиш вистината...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
2. Крај кошарницата со пчели во дворот само јас и татко ми се врткаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ѕунливо се вртка пчелата во чашката на полското цвеќе и во нивните уши небаре удираат ѕвонења на огромни камбани...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пиштеа пчелите во пламенот, светкаа како искри и згаснуваа; офкаше учителот од жал, од јад.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)