прст (имн.) - ќе (чест.)

Знаеше дека овој пат вистински со двата прста ќе ѝ го извади гркланот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Не мачи се...“ ѝ велеа. Но таа со шепот одвраќаше: „Ако... дури ми мрдаат прстиве ќе правам за кога ќе ме нема - во нив да ме барате...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие абдали, не знам кои беа, што беа зафатени со таа работа да го заклопат сандакот, најбезобзирно го стегнаа капакот, прстите ќе им ги скинеа мурдарите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со прсти ќе копаат под себе да се покријат со земја и со заборав зашто името ми е победа. ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа небаре е лилава ѕвезда предводница, Жеро Жерав леташе ии ме водеше кон целта, кон авантури за кои не знаев како ќе се завршат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со два прста ќе те турнам, пепел ќе си за во урна!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога со прстите ќе ги почувствуваш вибрациите што се совпаѓаат со она што го гледаш во ВР, ги поврзуваш со површината на виртуалниот предмет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако се противиш и сосе прст ќе ти го земат прстенот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јас не можам, вели Оливера Поточка, без прсти ќе останам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш прстот ќе порани, другпат ќе стапне на пошироко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еди, пријатели сме добри, а и знае дека не му доаѓам така често.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А кога неговите прсти ќе ја допрат мојата коса на оние квачки не им преостанува ништо освен љубоморно да се муртат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да мрдневте со мажот ти со малото прсте ќе добиев пет месеци, наместо пет години. Нејсе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Кога знаеш што прашуваш? За таа пушка нечии прсти ќе исечам.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Што ти нема, Борисе?" со мака ги крена очите Онисифор Проказник; и погодуваше: „Пушката, нели?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ја почнале, се гледа, за нешто друго, ами за да не искоренат, синко Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По два дена дојдоа некои во униформи, други во цивилни алишта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури тогаш, во земјанката, почувствував дека немам татко, дека никогаш нема да го видам, да му речам “тате” да ме погали по глава, да ме пофали, и дека не стигнав да се израдувам со него, а сега, ете, го нема...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оф, колку беа озлобени, мислиш со прсти ќе им ги искорнат срцата. Туку нѐ разделија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со прсти ќе копаат под себе да се покријат со земја и со заборав зашто името ми е победа. ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тишината, ѝ се чинеше дека очите на учениците ѝ го отвораа палтенцето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислеше дека кога ќе ги види и кога ќе ја стисне кредата меѓу прстите ќе се сети како да ја реши задачата, но тоа не се случи, туку само почувствува како ѝ се оросуваат влакненцата над горната усна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оној старец што свирка како врапче ќе го растргне волк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онаа жена што лакомо си ги гризе прстите ќе премрзне уште истата зима.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со прсти ќе ги отстранувам прашинките од солзата стара во скинати џебови дарови пишани ќе кријам Во синџир од електрично коло со искри на стихијна страст јас пламен ќе вивнам, заробен во сопствени стихој...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)