прст (имн.) - кон (предл.)

Потоа крена еден прст кон човекот во белиот мантил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А потоа сосема ноншалантно го вперија прстот кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога стигнаа на брегот, долгокосиот му покажа со прстот кон малата камена куќарка и без поздрав го турна чамецот во езерските води, вешто рипна во неговата шуплина и завесла за назад.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Грета: Сега на сите до еден, како и на овие троица јадници (Покажува со прстот кон трите прасиња), да им го вратиш првобитниот облик!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Немојте!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Посакав да го повредам. Посакав со неколку зборови да му нанесам исто онолку болка колку што тој ми нанесуваше тие месеци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас одново ги подадов прстите кон неговото рамо, но тој ги оттурна со раката уште пред да го допрам, и додаде: “Не сакам да те видам никогаш повеќе.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не кревај го прстот кон својата рана.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еразмо занеме од возбуда и страв, додека старецот остана смирен, покажувајќи со прстот кон устата на Еразмо за да молчи, шепнувајќи му: -Молчи за да не ја разбудиме, подај го јажето!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„И ти!“ со прст кон Љупчо насочи наставничката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најпосле подзастана и покажа со прстот кон една трага во меката земја што беше сочуваната од други траги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)