прст (имн.) - в (предл.)

Се најде себеси, исправен, со пушката в раце, како со прстот в уста, доста подоцна, откако оној голем самјак се искри зад сртот, и сѐ што можеше да стори, беше да запали уште една од своите ретки цигари, а за сето време, додека повлекуваше од лутиот чад, во него се надигнуваше еден друг инает, кој за миг го смени она глупо чувство и го исполни до врвот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Молечвме - тој со склопени очи и забуцани прсти в коса, јас - претпазлив и бессилен да говорам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ги грчеше прстите в џебови и го слушаше сопатникот, тој сечеше просто како да секцира.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
До пред влезот во Европа, ние бевме со прстот в уста. Голема сиромаштија. Сега примаме и гости, значи туристи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Несфатливо нечујна, наеднаш поинаква отколку што можело да се замисли, клекнала до него и му ги забуцала прстите в коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Следел со замаглени очи: преку нејзината румена снага минувало во бранови некакво предизвикување на жена што за одмазда има своја одмазда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Аким се доближи до мене. Врелата пара на млекото ме удри в лице и јас отстапив еден чекор очекувајќи нешто непријатно од ова неразбрано и силно момче: прст в око, нокти в грло.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тонеа заедно со нив во чад, крцкаво морморење и не видоа, иако, можеби, ќе им беше сеедно: Мирон липаше со забуцнати прсти в коса; неговите лути солзи имаа еден пат- се збираа на врв тапиот нос.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)