професионалец (имн.) - во (предл.)

Да биде професионалец во тајните на нуклеарната физика.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ужасно е тешко да се биде уметник во оваа средина, а да се биде професионалец во тоа е најтешко од сѐ.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Богдан Русимиров беше висок професионалец во службата за прибирање, селектирање и обработка на аудиовизуелен материјал, но во слободното време работеше како приватен детектив и тоа му обезбедуваше добра заработувачка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Ќе имаме свирка, се пофали Ема, а неколку долгокоси тинејџери, како по правило сите тенки како црви и високи како професионалци во НБА, почнаа да се плеткаат околу тапаните на малата бина во Златно славејче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)