просторија (имн.) - кој (зам.)

Нејзиниот сопственик беше присутен на ревијата како почесен гостин кој овозможи штофови и изработка на голем дел од моделите во неговите простории кои беа опремени со најсовремени машини од Кемниц, Германија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По поминувањето на наведениот временски период од испраќањето на фамозното писмо на поранешната адреса и по неколкуте неуспешни обиди Авдиќ телефонски да го добие раководството на фабрика, тој се решава да оди директно во просториите кои беа седиште на велешката фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ах, проклет Наќо... - се возбуди и калуѓерот и почнаа обајцата да трчаат кон Наќо кој веќе влезе во просторијата која имаше излез и кон другиот двор накај шталите, но вратата беше заклучена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Погледот со мака го привикнува на полутемната просторија која полека му ги открива предметите како да изнурнуваат од матна вода.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Половина час потоа, во просторијата која ни беше спална, група млади луѓе донесоа неколку големи празни корита и покрај нив - казани полни со вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога влезе, тој се најде пред големата табла со клучеви за да го земе клучот од својата работна просторија која, во продолжение, имаше и мала библиотека, поврзана со депоата, каде што се чуваа сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Коритата ги ставија на средината од просторот помеѓу двата реда кревети, а казаните покрај коритата. Потоа излегоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)