простор (имн.) - треба (гл.)

Она стравичното, необичното, бездомното во времето и просторот требало да се фати за да биде оневозможено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Според Врховниот Суд на САД (Лојд корп против Танер, 1972), правото на слободен говор се протега само на активности на јавна а не приватна сопственост.88 Затоа, постојаниот притисок да се ограничи/намали јавниот простор воден од барањата за безбедност и комерцијалните интереси има крајно сериозни политички импликации, бидејќи директно ги поткопува можностите за слобода на говорот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во идеални услови, јавните простори треба да бидат простори на демократија, простори што ќе промовираат (а не само толерираат) различни активности и идентитети.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Иако неговото истражување беше независно од нашата работа со концептот “друштвеност”, тој дошол до заклучок дека “големите простори треба да бидат кружни, бидејќи сите живееме во кружен свет (хоризонтот е околу нас) и нашите сетила се подобро прилагодени на кружен отколку на правоаголен простор”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)