промена (имн.) - бев (гл.)

Тоа беше голема возбуда, но промената беше таква што одвај се забележуваше и ние продолживме со нагаѓањата: ќе смени сосема брзо, не ќе смени, ќе сврти на песочна, не ќе сврти.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За Татко, на Балканот, времињата тешко се менуваа однатре, во менталитетите на луѓето, а промените беа предизвикувани најчесто однадвор, од влијанијата на другите, на империите, на завојувачите, од непредвидливите удари на историјата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа моја физичка промена беше многу тешко да се сфати и, на крај, не постоеше човек кој може да се носи со фактот дека оваа атрактивна убавица следниот момент може да се претвори во грда, очајна трапавка без ни трошка достоинство и самодоверба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)