пролет (имн.) - го (зам.)

Добро се сеќавам како стоеше во Тафин и Фоале панталони, со „Hap- py Together” од Тартлс некаде во позадината.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа пролет го однесовме Девојките од челзи на канскиот фестивал - го однесовме и го вративме назад, бидејќи не успеавме да го прикажеме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А кога ветрот ќе ја разнишаше долгата коса на палмата, фикусот ги разигруваше длабоките корени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
1. Со еден жесток удар Пролетта го вознемири полето И на молитва го крена.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Раиз секоја пролет го поткаструваше фикусот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)