пролет (имн.) - бев (гл.)

Цела пролет бевме окупирани со радоста за свечениот чин на којшто требаше да присуствуваме.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ланската година, пролет беше, дојдоа маџирите од населичките села и се шо не скриме под земја - опњачкаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Солун на нејзината младост, а нејзината пролет беше близу, на еден галебов лет, но требаше да се мине границата, поради која бевме емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете, на еден ваков истурен јазел се наоѓа Уј, па близу него Белгиските Ардени, па уште едно место како Уј - Варем, кое овде е познато и по тоа што е родно место на Лебуртон, еден од претседателите на Социјалистичката партија на Белгија, кој оваа пролет беше гостин во Македонија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)