прозорец (имн.) - токму (прил.)

И секогаш, како за инает, нешто ќе му се залепеше на мундирот: или парченце сено, или некакво конче; згора на тоа, тој поседуваше особена дарба – кога оди по улица, да стигне под некој прозорец токму во мигот кога низ него се исфрлаат најразлични гадотии, и поради тоа на својата шапка секогаш ќе понесеше корки од лубеница и диња и слични глупости.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој уште вчера знаеше што му носи оној густ, ситен врнеж, што го прекина во работата; затоа не беше изненаден кога се разбуди и кога ја најде во својот прозорец токму таа бела ноќ во наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)