прозорец (имн.) - однадвор (прил.)

Но Мил му го трга коритото, му ја заклучува вратата, го затвора прозорецот однадвор, и кога Богуле ќе стане, продолжува да врши експерименти во собата: му го дава клучот и му вели да ја отклучи вратата, и Богуле ја отклучува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Хајнерле рече: „Тоа беше птица, сигурно мислела дека прозорецот е друго небо.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во длабочината на просторијата, под единствениот прозорец однадвор заштитен со метална мрежа, беа наредени три буриња одамна полиени со катран, а лево од нив се наоѓаше биро на чија површина беа оставени четири празни лименки од пиво и неколку папки од црвена мукава, подредени една врз друга.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога Матилда дојде кај нас, и додека се подготвуваше да замине дома со Хајнерле, нешто удри во прозорецот однадвор и нѐ исплаши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)