прозорец (имн.) - изѕемнат (прид.)

Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був од студентски дни Asio otus, a јас можам да ги ѕирнам низ тантелите на завесите - стојат под прозорецот изѕемнати дури и од летен дожд- , црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)