прозорец (имн.) - низ (предл.)

Изложбата организирана од страна на Харолд Симан, напротив, покажува дека делото на Бојс може совршено добро да се постави во простор - со мали скратувања - без оптоварувања заради некои полемики кои делото ги побудува (како идеализмот и германскиот романтизам).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, што останува од неговото присуство, од неговиот говор врз овие црни слики?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мешавина од елиптични формули, длабоко нејасни или претерано едноставни, кои се разјаснуваат исклучиво преку набљудување спроти светлоста на париското сонце, бидејќи според мислењето на авторот, делото е ориентирано во правец исток/запад, иако може да се каже дека токму низ тој прозорец низ којшто е претставено делото, Бојс исчезнал во синилото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сликата е направена од далеку: се гледа дел од куќата и прозорците низ кои ѕиркаат женски и детски глави; чардакот кој е нагрозден од свадбари загледани во орото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И пак лежев како во напукнат воденички мучник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад отворениот прозорец низ кој тешко можеше да се спровре глава на дете, небото лежеше како дамка извалкан снег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под ридот гробишта, а под нив, бараки наредени како под врвца – долги, со тесни, мали прозорци низ кои, поради железните решетки, небото се гледа во квадрати.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Под ридот гробишта, а под нив, бараки наредени како под врвца – долги, со тесни, мали прозорци низ кои, поради железните решетки, небото се гледа во квадрати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги пофатија и забележаа дека црвенилото им идеше од црвениот одблесок на прозорецот низ кој сонцето пробиваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Погледнете! - им покажа со раката кон прозорецот низ кој влегуваше чад во црквата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)