прозорец (имн.) - кон (предл.)

Татко ми не оставаше ниту да гледаме од прозорците кон кејот што водеше кон паркот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во старото маало, во исто така стара приземна куќ ичка, најде едно сопче со ниска таваница и прозорец кон дворот, кај една сама бабичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Отворена, со полустаклена врата кон чардакот и со еден голем прозорец кон реката, таа беше постојано светла.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакам секој од моите филмови да биде со самоповратно дејство, луѓето да кажат: јас само гледам филм, бидејќи тоа не е ниту исечок од животот, а не ниту прозорец кон светот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби тоа потпирање на ништото е само патот од сонот кон јавето, или отворање на прозорец кон утрото“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав низ прозорецот кон улицата, или пак во одразот на својот лик во прозорското стакло, и си ги повторував зборовите на мама: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паралелни животни приказни внесуваат во себе, во луѓето со кои живеат, во луѓето со кои се среќаваат, па дури и во луѓето со кои само се разминуваат: некои од нив се уверени дека жената која погледнува низ прозорецот кон улицата по која токму тогаш тие врват, им смислува некој подол план; други – дека таа секој ден љубовно мисли на нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И дури многу подоцна, кога беше доцна за сѐ, ги сфатив тие зборови: изговарајќи ми ги мене, кажувајќи ги за моето постоење, таа всушност сакаше да си каже и на самата себе: “Ќе беше подобро да не се родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара раскажуваше за синовите на својот брат, кажуваше како малите Густави, кои и натаму ги викаше „мали“ иако веќе беа возрасни мажи, ја посетувале во Гнездо, раскажуваше за нивните сопруги и деца: „Кога доаѓаат со своите деца, ми се чини дека цел свет доаѓа таму – некое тукушто прозборело, на некое му никнал заб, трето паднало и си го раскрварило коленото, четврто научило да лета змејови, па седиме цело попладне во паркот и гледаме кон небото,“ рече, и погледна низ прозорецот кон небото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како што се множеа крстовите по дворовите, така луѓето сѐ поуплашено викаа низ прозорците кон соседите: „Кој е умрен? Кој е умрен?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Упатен кон смртта, јас немав очи да ја видам светлоста во твоите овлажнети зеници, отворени прозорци кон мене, само кон мене!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа значеше дека некаде од единасет ноќе, или полноќ, наместо крај на програмата на Југослав пеопле ќе им се понуди можност да останат крај нивниот прозорец кон светот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пред некоја вечер во ниедно време се џарам во мојот прозорец кон светот и на маалската телевизија гледам некој јубилеј, за многу години КУД “Стив Наумов”, така нешто.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Едното око, нешто понабабрено отколку кај жив човек, застрашувачки гледало во пламенот на нивниот факел, устата се доискривувала како пред несфатлива смеа, чиниш пред тоа тој итречки му се доверил некому дека ги измамил противниците со тоа што се исправил во прозорецот кон блесокот на нивните пушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така се отвори нов прозорец кон нешто неоткриено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ене“ му покажува низ прозорецот кон градината, „дрвјата започнаа да пупат, да ги пуштаат првите цветчиња...“ и му зборува за убавата природа надвор, како сликар што грд предел зема за мотив, но со сликањето го разубавува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потем погледна низ отворениот голем прозорец кон реката која брзо течеше кон блиското море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
6.2 На небесниот блесок од потковиците Се покажува иконата на моето детство Со отворен прозорец кон градината Осенчена од големото дрво - Човек.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ја испија ракијата, се погледнаа полковниците меѓу себе задоволни од ваквата убава ракија, испија по една, а потоа фрлија поглед низ прозорецот кон езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нека дојде кога светлото во прозорецот кон дворот ќе изгасне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко и Игор Лозински ги оставија книгите. Погледнаа низ прозорецот кон факлите, кои го осветлуваа Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мане го зема и го фрла низ прозорецот кон светлечката реклама.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тогаш го здогледа оддалечениот прозорец кон запад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И загледана низ прозорецот кон неколку фрагменти од синото небо кои се појавуваат по бурата, си велам дека бездруго на ист начин сте ги восритале и вашите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но вие на еден чудесен начин ја поттикнувате мојата размисла во тој правец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас си молчев и постојано гледав низ прозорецот кон влезната врата од дворот со идеја, ако до здогледам, да го пресретнам и да му кажам за лагата, да не се случи да ме предаде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никако да се појави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)