прозорец (имн.) - го (зам.)

Овој прозорец го потсети на онаа ноќ, кога заедно со Неа не склопија око бдееја над болната Весна, која грчевито му ја стегаше раката и сè додека не заспа во зорите, без прекин повторуваше „тато, тато“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога и да погледнев од прозорецот го гледав него на самиот агол како стрпливао ја чека својата жена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дедо Васја умре. Дедо Васја лежеше во гробот со вовлечена глава и плеќи, со силно истакнатите јагодици на лицето и со впаднатите очи, клепките како семе од тиквите. Во рацете гореше свеќа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прозорецот го симнаа - ветрот ја поддувнуваше белата завеса во куќата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Додека ги подготвуваше крпите за посетата на јодната бања, Јана низ прозорецот го здогледа поштарот како става неколку писма во нејзиното поштенско сандаче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Моето правило на играта беше крајно едноставно, беше убаво, глупаво и тиранско: ако некоја жена би ми се допаднала, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене крај прозорецот, ако нејзиниот одбледок на прозорецот го вкрстува погледот со мојот одблесок на прозорецот, ако мојата насмевка во прозорскиот одблесок го вознемирува или му причинува задоволство или му станува одбојна на оној женски одблесок врз прозорецот, ако Маргарита ме види како ѝ се насмевнувам на Ана а Ана ја наведнува главата за внимателно да може да го испита затворачот на својата црвена чанта, тогаш имаше игра и тогаш беше потполно сеедно дали насмевката ќе биде уважена или возвратена или занемарена, првиот став на обредот и не оди подалеку од тоа, од насмевката што ја лови оној што и ја заслужил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како и да беше, прозорецот го затворив и звуците потстивнаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Она што го виде низ прозорецот го принуди набрзина да го смени планот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Првата виделинка што навлезе во колибата низ замагленото прозорче го најде Бојана со отворени очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Свесен дека од прозорец го гледа белата ќерка на инспекторот, тој газеше како петел и одејќи кон нас љубезно се насмевнуваше кон сувиот врат на убавицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште пред да ја отворам големата железна врата, забележав дака на широчината пред училишната зграда со безброј прозорци го нема зелениот автомат од кој, кога ќе се пуштеше метален динар, ќе излезеше убаво спакувано чоколадо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од отворениот прозорец го чув гласот на Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прозорецот го врамуваше тој свет таму и ме издвојуваше во некој друг свет, од каде можев да се набљудувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш, додека набљудував од зад прозорецот, забележав како на една од жените кои шетаа во паркот ѝ се приближува маж кој за раце водеше две деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прозорецот го отворив за да исчезне мирисот од оние дуњи на ормарот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)