проект (имн.) - кој (зам.)

Затоа, можеби поупатно ќе биде само репродуцирањето на неколку проекти кои и онака се реализирани надвор од било која институција, па не би ни влегле во некоја потенцијална, новодефинирана ликовна агенда.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Постојат многу негови проекти кои се точно еколошки одредени, како спиралните куќи, зелените автопатишта и бензиските пумпи итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Хундертвасер својата идеја на спиралност ја визуелизирал со макетата „Спирална куќа“, проект кој сè уште не е реализиран.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Верувајќи дека прекинале со ставовите на претходниците Евреите во море - раководителите на Фатах во 1968 година ќе застанат зад еден политички проект кој се сметал за реален и достоен за почит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во сите сукцесивни фази кои следеа, од почетокот на минатиот век па сѐ до 1968 година, палестинското движење имаше само една цел да ја ослободи татковината и да создаде независна арапска држава, како и другите арапски земји во регионот, не водејќи сметка за присуството на другиот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Чувствувавме дека учествуваме во еден фасцинантен историски настан - првиот истражувачки проект кој во секојдневниот живот внесуваше експериментално предизвикани мистички искуства.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нарачката е единствениот начин на кој може да се стимулира финансиски неисплативата уметност на авторите кои доаѓаат во апсурдни ситуации: кога се етаблирани и ценети, а тоа нема никаков финансиски ефект туку напротив, тие постојано вложуваат во своите проекти кои често се поскапи од конвенционалното сликарство, а не се од продажен карактер.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)