пријател (имн.) - се (зам.)

Новите пријатели се кокичиња и качунки, што ја превземаат функцијата и на пријатели и на роднини.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Пријателот се изнасмеа кога го праша како му оди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А таму крај патот, седнати на влажната земја, пријателите се расправаа: - Ами како поинаку? - праша Иљо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мојот пријател се мршти. Готов е да го одбие но човекот со белег не чека одговор и седнува на нашата маса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Овојпат младиот пријател се зафаќа со феноменот на заминувањето на една и доаѓањето на друга љубов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)