пријател (имн.) - ги (зам.)

Во миговите на големата самотија, кога речиси сите ја оставивме, затрчани, амбициозни, по отворените врвици на животот, на чиј хоризонт беше успехот, амбицијата, Мајка, по Татковото исчезнување, за најголеми, последни, најверни пријатели ги имаше Татковите книги, а среде нив, нејзината голема книга на животот и на смртта, каталогот на стоковата куќа Ринашенте, од 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А Таша, (од сите наши разговори го понесував тој впечаток), Таша го почитуваше Ѓурчин и понатаму! Веројатно со причина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тука настанала кавга затоа што тие истите тогаш се појавиле со електричен шпорет, а сега мојата пријателка ги „обива“ галериите низ градот барајќи соодветна уметничка слика.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Разочараноста од ваквите случувања и најблиските пријатели ги престорува туѓинци, и тие понатаму, низ сиот свој живот се однесуваат како непознати па дури и како непријатели!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)