причина (имн.) - ќе (чест.)

Татко, во своите песими­стички варијанти за Балканот, во својата незавршена Историја низ падовите на империите, тврдеше дека митот на балканските граници ќе живее најдолго, а причина ќе биде синдромот на асмата, на изолираноста, кои остануваа нај­силно изразени кај неговиот албански народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сепак, најстрашно беше кога ќе запенавеше, кога без никаква причина ќе се разбеснеше и ќе фатеше некое дете да дави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас се чудам. - Не се чуди, - ми вели тој. – Ако ние ги закопаме сабјите, каква причина ќе имаш ти да основаш Форум за човечки права и толку да пишуваат за тебе весниците по светот!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)