причина (имн.) - зошто (прил.)

Тоа (плус незане­марливиот волонтерски замор што ни ги цица гибсоновски долготрајните батерии, но сепак) е причина зошто „Локалната сцена” континуирано ни е тенка, да не речем жгоqава.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мистериозни се причините зошто Жене не дозволил објавување на овој свој извонреден текст. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 5 СКОПСКИ РАСКАЗИ 133 В.Урошевиќ
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Помислувајќи на својата мајка, па на Ататурк и на средбата со него, тој чувствуваше дека, со откривањето на битолските сиџили, им се оддолжил на обајцата, со своето враќање од Цариград, откако не го прифати предлогот на создавачот на нова Турција да ја продолжи својата судиска кариера во Цариград и откако на мајка си никогаш не ѝ ја откри причината зошто го напуштил градот на Босфор засекогаш, во времето кога таа веруваше дека ќе ѝ се оствари сонот за неговото заминување...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
” in Werke, Ernst Cassirer et al., (eds), 11 vols. (Berlin: Bruno Cassirer, 1912-1922), IV, 169. 23 Видете Charles Taylor, Sources of the Self: The Meaning of the modern Identity (Cambridge, Mass.: Harvard University Press, 1989), chap. 8, 9. 24 De la grammatologie 233. 25 Видете, на пример, “Cogito et histoire de la folie”, in L’Ecriture et la différance (Paris: Seuil, 1967). 26 Многу сум им благодарен на Saul Smilansky, Oded Balaban, Gabriel Motzkin, Avraham Mansbach, Mira Reich, и Mor Arazy за нивните коментари во врска со овој напис. 80 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Jozef Beuys Формалната причина зошто Бојс e во Маргина се двете негови големи минатогодишни изложби во Париз и Цирих.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“La mythologie blanche”, in Marges, 301. 5 Francis Bacon, “The great Instauration”, in The Philosophical Works of Francis Bacon, John M. Robertson (ed.) (London: Routledge, 1905), 243. 6 Christoph Martin Wieland, Gespräche unter vier Augen, in Sämtliche Werke, J. G. Gruber, (ed.), 50 vols. (Leipzig: Göschen, 1824-77), XLII, 127-8. 7 Spurs: Nietzsche’s Stules/Eperons: Les styles de Nietzsche, bilingual edition, trans. Barbara Harlow, (Chicago: Chicago University Press, 1978), 137. 8 A Treatise of Human Nature, Selby-Bigge, (ed.) (Oxford: Clarendon, 1967), xxiii. 9 Видете Richard Bernstein, “Serious Play: The Ethical-Political Horizon of Jacques Derrida”, The Journal of Speculative Philosophy 1 (1987): 93-117. 10 Матеј 5, 5; 19, 24. 11 Charles Taylor, The Ethics of Authenticity (Cambridge, Mass.: Harvard Universitu Press, 1992), 104. 12 Видете, на пример, Positions 56-7. 13 De la grammatologie, 62, 64. 14 De la grammatologie, 65-86. 15 Матеј 4. 16 Summa Theologiae II ii qu. 162 art. 5-8. 17 David Hume, A History of Ehgland, 6 vols. (Philadelphia: Claxton, Remen and Haffelfinger, 1876), VI, 374. 18 Подвлеченото е на Хјум. Enquiries concerning Human Understanding, Selby-Bigge, (ed.), 2nd edition (Oxford: Clarendon, 1902), 165. 19 La vérité en peinture, (Paris: Flammarion, 1978), 189. 20 Marges, 4. 21 Glas (Paris: Galilée, 1974). 22 ”Beantwortung der Frage: Was ist Aufklärung?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И тоа е доволно. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 81 Катрин Франблен ЈОЗЕФ БОЈС, ретроспектива без дамка Центар Жорж-Помпиду 30 јуни - 3 октомври 1994 Никогаш порано Бојс не изгледал подепримирано од тој октомвриски ден во 1972, кога добил отказ од Академијата во Диселдорф.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па, за да ги надитрат тие недостатоци во паметењето, за ист настан од минатото осамените чуваат и по повеќе вистини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова е и една од причините зошто осамените веруваат дека со нив сеќавањата повеќе манипулираат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со исклучок на ова, змијата изгледаше како да не е жива, нешто за кое Милан сметаше дека било причината зошто Рози не можела да поверува дека змијата е вистинска кога ја видела прв пат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тоа ви е уште една причина зошто традиционалната геј-култура никогаш не умира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако мораш да лажеш, барем кажувај мали лаги, ми вели тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И обиди се да не зборуваш гласно кога со никого не разговараш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ми кажа дека ги плашам луѓето и дека тоа, како и тоа што лажам, е една од причините зошто не можам да се задржам на работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уште не стигнал до прашањето кое го поставува предворјето на зрелоста: „Што ќе биде самиот тој еден ден?“, кога родителите му починале еден по друг, прво неговата мајка, потоа татко му.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тие години не знаев ништо за него, а тоа попладне ми ја кажа причината зошто се вратил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една од причините зошто луѓето се загрижени за исчезнувањето на книгите е нивната особина да го прават домот пријатен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една од причините зошто имаме омилени книги е токму тоа што во нив се чувствуваме како дома-.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нема сомнение дека секој од нас мисли на украсувањето на сопствениот дом, но имаме ли секогаш посебна причина зошто некој предмет е ставен токму на одредено место?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пишувањето ми доаѓа супер како последно прибежиште, како олеснување, правејќи нештата да се тркалаат во просторот лесно, забавно, брзо, полни со потенцијал.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сфаќам - да! - дека главната причина зошто пишувањето за дрогите и не е толку добра идеја е флуидот во кој нештата се случуваат без смисла.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби тука се криеше причината зошто Претседателот, на телевизија, ветуваше финансиски надомест за секој нов подмладок во државата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа е една од причините зошто Благоевиќ е во нашето списание.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога би требало да ја наведам причината зошто сакам да правам музички машини, причината би била за да ги правам тие нешта.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако овој закон во прв ред ги засега работниците кои го завршиле својот работен век и станале пензионери, и, се разбира, сите работници како идни пензионери, со него се регулираат и важни прашања кои ги засегаат работниците токму како работници и тоа е причината зошто ја вклучивме анализата на овој закон во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со време, откривме уште една причина зошто Мајка не прифаќаше да ја напушти својата куќа и да живее со едно од своите деца, како што беше вообичаено речиси секаде, во тие времиња на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но беше крајно љубопитен да ја дознае причината зошто Мајка не ги раздвоила овие знамиња од животот, носени низ балканскиот егзил заедно со Татковите книги. – По нашето патување во Италија, во каталогот на Ла Ринашенте, го чував италијанското знаменце што стоеше пред нас на вечерата кај грофот Чано...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не наоѓа причина зошто некој би му влегувал дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Посакувам да бев малку повеќе прониклив. Сакам навистина да расчистам со причината зошто ме зедоа со нив?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ноќта, кога се повлеков во својата хотелска соба, ми стана јасна причината зошто така глупаво се однесував: Надица носеше друго леце од она што го очекував!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Човекот се среќава со сопственото стареење секое утро, во огледалото, но не го забележува, токму зашто е секојдневното (освен ако не бил буден или напиен претходната ноќ, па и тогаш знае дека подочниците ќе поминат со првиот добар сон).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
66 „Тоа е еден дел од причината зошто.“ „Па“, рече тој станувајќи, “што ќе правиме ние? Ќе ги измиеме ли садовите?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ете ја причината зошто Мирко Бунде, инспираторот на моите горчливи случувања, но и бескрупулозниот манипулант со туѓите судбини, го зазеде неоспорното прво место на листата на мојата одмазда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како второ обвинета, според моите наоди во обвинието што го бев покренал беше неверната Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова, се чини, е клучниот елемент во секој обид за разбирање на постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Толеранцијата е шанса за постмодерноста. Солидарноста е шанса за толеранцијата” - напишавте во текстот Модернитет и амбиваленција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не од грешките кон вистината, туку од една интерпретација кон друга; и тоа е она што вознеми­рува, тоа е причината зошто постојат отпори кон постмодерниот скептицизам.  „Постмодернитетот е шанса за модернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така што причината зошто филмот не успеал не мора да ја бараме во областа што лежи меѓу таа Гринова визија на шпионажата како најчист израз на валканата, осенчена битка за власт што ја негира целата темелна димензија на човечноста, ниту меѓу Хичкоковата визија за непомирливо спротиставениот универзум, уште повеќе што обете визии се христијански или поточно, католички обоени: малку поедноставено би рекле дека Гриновата визија има свои „песимистички” црти (битка за власт во валканиот свет), што за Хичкок е, сепак, премногу оптимистично зашто неа будно ја чува неизвалканиот идеал на чистата Човечност што е расипуван и користен од валканиот свет на власта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е причината зошто мислам дека социолошките теории за морал што го гледаат општеството како автор и бранител на моралот, треба да бидат ревидирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште од детството моја желба беше да бидам разбран, да бидам способен да го кажам она што сакам да го кажам и да бидам слушнат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Друга важна причина зошто не можам да работам во Русија е приказната што ја раскажувам; таа не може да му се раскажува на мојот сопствен народ. 118 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И повторно судбината или за оние што не веруваат случајноста на моментот, иако во ништо не се разликуваа, ме присети на стихови одамна напишани...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постојат илјада и една причина зошто да се сака безусловно, да љубите, да го отворите срцето и да ја вдишите убавината на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да ја вратите надежта, да верувате, да се грижите, да разбирате, да се смеете, да се радувате, да успеете, да доживеете лична победа...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го загуби ја ли патот до дома, заборавија да бидат дел од светот, не припаѓаат некаде и некому, всушност тоа е и единствената причина зошто се плашиме од осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа била и основната причина зошто Велика Британија со големо внимание ги следела разговорите за федерација меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во една таква ситуација, британската дипломатија ги активирала сите свои тогашни дипломатски сили со цел да ги заштити своите витални интереси на Балканот наспроти советските.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- А, кога ќе забележат дека ми го нема велосипедот? – прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- На пример, она за велосипедите, неизоставно треба да го скокнеш – рече тој – измисли некоја друга причина зошто сте се задржале во грмушките толку долго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А освен тоа се слушнав и со сестра ти. Таа ми ја кажа вистинската причина зошто ми раскина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да, тоа беше клучот на причината зошто луѓе кои на моменти беа маќепсани од мојата внатрешна убавина и сјај кога сум среќна, следниот момент кога ќе ми згасне жарот и огнот во душата сето тоа се претвора во прав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)