причина (имн.) - бев (гл.)

Така лут, Толе излезе од дома и отиде право во вигната од Стевана небарем палечник да потклепа, но причината беше сосема друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од некоја причина беа наречени „дупки за сеќавањата“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, за разлика од другите, кои Поетот ги привлекуваше поради својата особеност, кај овие двајца, причината беше сосема друга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Една од причините беше присуството на невидливи, реални класни “полиња на сила” во начинот на комуникација помеѓу двете групи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А единствената причина беше мојата желба да добијам многу визуелни соништа со остри и светли црти, со појасна слика од онаа во филмот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одговарам: „Тоа е ураниум, и тоа треба евентуално да послужи за правење атомска бомба.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ама јас во последно време почнав често да правам прекини во работата од причини што јас се лекував, а за тоа причина беа моите нерви и алкохолот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Паднав на коленици пред него и реков: „Оче блажени, Филозофе златоуст; колената ми се слаби не од пост, туку од грев, чија причина беа властољубието и гордоста на отец Стефан Писмородецот; во друштво на единаесет, со мене дванаесет арамии ноќни, на разбојници друмски скриени под светата риза се најдов, не по своја волја и јас, оти душата слаба ми била за подвизи небесни, а силна за падови; само затоа што полесно е удолу да одиш а потешко да се искачуваш кон височините Негови, јас паднав; паднав во бездна...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Размислував за причините, за крајот на земјата која ја претставував, во која ретко кој не веруваше, макар и нејзините жртви?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понекогаш останував во собата – мојата причина беа болки во стомакот, или главоболка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш застанував крај прозорецот и ги набљудував оние во паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А причината беше Малчо Златотворецот, но никој не знаеше за тоа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)