природа (имн.) - низ (предл.)

На румените чела им се оцртувале мислителски брчки, оние вистински со кои природата низ векови ги наградувала луѓето од полуостровските вилаети и заради кои тие личеле еден на друг во свечените тагувања, и оние од Трново или Пловдив, и оние од Солун или Костур, или оние од Лесковец и Јагодина, од Дебар или Прилеп, или од Незнамкаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Томо прифати без збор. Змиулестиот пат и дивата природа низ која минуваа повторно ѝ го врати спокојот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од самиот оган како да извирала некоја мудрост на облагородување и тие како да не биле оние луѓе со раздразнето клештење на човекојадци чии корења полека гниеле и во страшните прекуморски митови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пораката што се наложуваше од овој предел на екстазата на природата низ водите, од каде што извираше духовноста беше јасна: требаше да се следи неизвесниот пат на јагулите, да се надоврзам на татковиот пат, да се трага по причините и смислата на неговите големи балкански илузии, да најде дефинитивен и спасоносен излез од Балканот за семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)