пример (имн.) - во (предл.)

Уметничко дело што изразува ваква бласфемија мора да биде уништено.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој забележува симултана зависност од математичката хармонија, пропорциите и редот во старогрчката ‘уметност на војување’ како и во уметноста и архитектурата, и заклучува дека војната е најважната „тема“ во старогрчкото сликарство и вајарство, како и структурален принцип во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Насилничкиот чин на Тот, еден од најозлогласените примери во модерната иконокластика, доведе до интересни реперкусии.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој го следи односот сè до некои репрезентативни примери во сложените воени случувања во Илијада, книгата што имала „речиси библиски авторитет“ меѓу старите Грци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Скрпениот клавир и понатаму одигра неколку улоги во нашите проекти, на пример во Црвената вечера, потоа служеше како барикада пред Вратата 1984, од каде што Lazer го истурка, за да го ослободи влезот - два дена пред тоа му беше изваден гипсот од раката. (...) Напоредно со размената на тематски писма со Monty Cantsin, успешно се одвиваше и мојата активност на планот на истражување на уметнички псевдоними.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Штом ќе можеме да постигнеме таков распоред на честиците на пример во видео-сликите или холограмите, тоа веќе нема да биде само оптичка туку и тактилна илузија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ова е еден од најтипичните примери во кои вештачки предизвиканата визија речиси во целина е пренесена како содржина во книжевно дело, и каде односот помеѓу дрогата и творештвото е очигледна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во фразата BAINS DE GROS THE, зборот GROS, како именка, претставува сленг за дефекација, како на пример во идиомскиот израз faire son gros. Crotte, по многу нешта има исто значење како и GROS THE, претставува поблаг сленг за истата работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тешко би можело да се најде друг пример во светот кога народот на едната вера бара да му се подигне храм на верата од другиот народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не го поддржувам тој културен став ниту општественото значење на родот кое тој го искажува; само известувам за него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културен факт е дека во западното општество еден генерациски судир меѓу жени не може да не изгледа, барем во очите на општествено овластениот (односно машкиот) гледач, некако неодредено неугледно – подложен на претераност, хистеричност и гротескност – и, секако, не сосема сериозен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дајер упатува на низа примери во кои машката геј-култура го третира стилот како вреден, додека содржината ја оградува како неутрална или тривијална: Геј-мажите имаат направено одредени „стилски занимања“ да станат во голема мера нивни (или барем така да се поврзуваат со нив, дури и кога според бројот на гејовите што навистина работат во тие занимања не мора да значи дека е така): фризерството, внатрешното уредување, модното креаторство, балетот, мјузиклите, ревијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можете ли да се сетите на пример во западната книжевност за генерациски судир меѓу жени што може да го претполага истото трагично величие како машките генерациски борби од Илијадата и од Цар Едип?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако безусловно би сакал да ја дефинирам модерноста - но јас си ја скратувам употребата на тој искривен поим - сигурно не би ја означил модерноста како не-метафизичка или транс-метафизичка, туку спротивно, како мошне метафизичка.  Во што би се состоела метафизиката или метафизичкото на модерната?  На пример во јазичната пракса на информацијата, комуникацијата и технологијата на информации се претпоставува интерпретација на јазикот што е карактеризирана со метафизика: односот кон знакот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не е тешко да се претпостави дека една таква динамитна акција каква што била солунската, извршена во невреме, на пример во Битола, можела да има потешки последици за Организацијата, за нејзините подготовки за престојното востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сакаа луѓето да бидат слободни при задоволувањето на своите поединечни интереси и воедно способни со своето размислување да посегнат и од другата страна на ова тесно подрачје.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дете што расте, чиешто тело го тресат оргазмични ритми; чиишто чувства се изразени во химни што ја слават радоста на онанијата или убивањето родители; чијашто желба по слава и пари нашла свој пример во бисексуалниот музичар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На кусо: таквиот живот не е ништо друго туку непрекинато подгревање на однапред подготвената мастурбациска фантазија.” б) “Па нели филозофите се бореа за културата да се рашири по цел свет и индивидуалната сфера да не биде веќе зависна од надзорот на Државата или овластувањата на заедницата?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Такви примери во оваа книга има навистина доволно да нè уверат дека не станува збор за случаен избор, туку за систематска постапка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ијан Кертис не е единствен пример во светот населен од творечки индивидуи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наспроти тоа, двократноста, проблемот на идентитетот стануваат меѓу најважните теми на европската лирика и проблемска литература, на пример во “Cycle Teste” на Пол Валери. okno.mk 219 Салвадор Дали, Параноични лица 220 okno.mk Светот на сонот: идејата во нова транформација Fabrizio Clerici, Татко и син Salvador Dali, Лоренс Оливие како Ричард III Текстовите на Зигмунд Фројд за соништата дадоа одредени клучеви за толкување на соновите главно со помош на сексуалната симболика, а тоа пак соодветствува со сите типови на маниризмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквата “поврзаност” речиси исчезнува во криминалистичките романи на нашето време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не е ли тој само резидуа на анималната сексуалност, којашто некои луѓе секогаш ќе мораат да ја потиснуваат, како на пример во монаштвото, или којашто напротив, ќе мора да се толерира заради опуштање?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа можеме да го посочиме и во редица примери во македонската литература.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еве уште еден пример во медитеранската игра на судбината на човекот меѓу среќата и несреќата, светлината и темнината, во трагичното проклетство и во неговите урнатини, кога продолжува вечното отпочнување на човековиот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со оглед на високото научно реноме и наобразбата што ја имаше Климент Камилски, му беа дадени работи, како на пример во Фолклорниот институт, колку да не остане на улица и без леб.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Феноменот на Чудна Јамка настанува тогаш кога следејќи некоја нагорна (или надолна) линија долж скалилото на било каков хиерархиски систем, одеднаш ќе се најдеме, на наше големо изненадување, на почетната точка. (Во изложениов пример во улога на хиерархиски систем се јавува системот на музички тоналитети.) Понекогаш го користам терминот Заплеткана Хиерархија кога сакам да дефинирам систем во кој постојат Чудни Јамки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеше да понуди бројни примери во прилог на Игоровата теза, но се воздржа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да го прашам на пример во каков заговор се вплеткува со надворешни луѓе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мора да се прави разлика помеѓу формално организирана хипнотичка сеанса, како на пример во лабораторија, соба за консултации, или на сцена, од оној вид нешта кои се случуваат во обичниот живот, при што, воообичаено, никој од оние кои се вовлечени во тоа не знаат што се случува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако ова е така, од каков вид платно е исткаено нашето секојдневно „чувство за реалност”?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хипнозата во ограничената формална смисла е еден посебен случај на наведување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таквите феномени на хипноза се добро документирани и сè уште не е познато колку далеку може да одат, на пример во полето на теле­пат­ската хипноза.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
СКОБА- поткова за коњ, но и железо свиткано во вид на скоба кое се заковува за нешто, на пример во греда или труп за да може да се повлече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)