приклучи (имн.) - кон (предл.)

На прославите за влегувањето во Солун бугарските офицери држеле здравици за “ослободувањето” на Македонија и за нејзиното приклучување кон “татковината Бугарија”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според тоа, учеството на македонското население во врховистичкото востание не се изразило толку во вид на некакво свесно и доброволно приклучување кон врховистичките чети, туку во вид на отпор и одбрана од нападите78.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Влогот бил голем: добивање на Добруџа и Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, Бугарија во почетокот на 1941 година веќе била длабоко навлезена во преговорите со нацистичка Германија за свое приклучување кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Успеал да го убеди дека гемиџиите сега имаат услови навистина да преземат некаква акција и дека неговото приклучување кон Кружокот можело да биде од голема корист, а ќе ги задоволи и неговите амбиции - да се дејствува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На една таква прослава присуствувал и Јане Сандански кој во здравицата во чест на ослободување на Македонија истапил со своја здравица изјаснувајќи се за слободна и независна Македонија, на што присутните бугарски офицери реагирале со закани.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)