приказна (имн.) - и (сврз.)

Чанга сакаше да ги смири козарите велејќи им дека се работи за обична приказна и дека не може да има никаква врска со нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Ласиќевиот модел на узорна интелектуалност доаѓа до израз синдромот на добронамерната конструктивност кој на виделина го изнесува стариот копнеж по привилегираната општествена улога на интелектуалецот, по онаа улога што во општеството ја играа чудотворците и шаманите, пророците и свештениците - сите оние чијашто задача се состоела во тоа празнината околу која се конституира општеството да ја исполнуваат со еден провизориум од пророштва, митски приказни и религиски слики на светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Освен доколку, се разбира, не станува збор за последен бакнеж, за бакнеж со кој се простуваме од сите бакнежи, во кој случај (барем овој човек) треба да биде бакнат не само како тој самиот in propria persona туку и како сите и секој од неговите среќни овоплотувања, вистински и исфантазирани, во секое расположение/начин/место/време, сѐ до крајот на љубовта и здивот и јазикот и зад тоа, до крајот на оваа приказна и сите приказни, до крајот на ова договорено продолжение и неговиот придружен услов - „Нема услови.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се разбира, нема да се откаже ни од бонбончето, зашто уште поубаво е да слушаш приказна и да си лишкаш бонбонче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Една од потврдите дека тој престој вистински се случил беше и партизанската блуза. Веројатно паметите дека ја носев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни не помислува дека секоја тајна, и таа што расте во мешето на генералската ќерка, а и оние другите, што никогаш не поминале покрај нечие меше туку само покрај некој авторитет, веднаш стануваат непријатни приказни и шеги.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и порано а и сега сум сигурен дека престојувањето на партизаните во нашата куќа не е измислена приказна и обично женско озборување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А потоа, не мора на таквите приказни да им придава толкаво значење – реков кога ми ја донесе новоста за генералската ќерка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не смее секое нашепнување да се зема здраво за готово - ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние живееме во култура каде сеќавањето, нарацијата, романтичните приказни и надежта за промени сѐ уште функционираат и каде што една егзистенцијалистичка врзаност за едно одредено место сѐ уште не го изгубила своето значење. 22 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Преку ова позајмување на структурите од литературата, открив дека ревизијата на мотивот на реактивирањето на алтернативните приказни и знаења е посебно „ослободувачка“ за индивидуата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Алтернативно, посебните излези под овие околности можат да бидат скицирани во рамките на „социјална драма“ која ги структурира промените во животот преку состојбите на стабилност, слом, криза, опоравување и нова стабилност (Turner, 1980).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На тие штички, тој род си ги запишувал родословијата, своите песни, приказни и слова за собитија вистинити и чудесни, истории за видни мажи, за подвизници, појава на опашести ѕвезди, големи потопи и поместувања на земјата, големи жетви и суши и уште многу важни собитија за еден род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Карактеристично е дека не е запомнат, или барем не се посочува, „цитатот“ (станува збор за познатата Андриќевата стохолмска беседа, за приказната и прикажувањето) но е запомнато она главното, кажаното.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Се извлеков! Но мораше да составам цела приказна и да ѝ ја прераскажам до ситница на мајка ми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ ми се чини дека ако има гласање и тие би туриле крст на приказнава и би кренале рака „за“ разлаз.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Негувателката ја знае целата приказна и многу ѝ е жал за бабата, па, божем чита, ѝ вели: „Сме утнале, баба Надежда, за утре била средбата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако Вам Ви се случило тоа, на вистинскиот пат сте и само Вие можете да се сметате за јунакиња на оваа приказна и само Вие сте носител на лажното име Асенета. Ниедна друга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нешто слично е потребно и овде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не верувам во приказни и бабини деветини. Верувам во други нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неколку агенти на Полицијата на мислите постојано се движеа меѓу нив, ширејќи лажни приказни и обележувајќи ги и елиминирајќи ги малубројните поединци за кои се оценуваше дека би можеле да станат опасни; но не беше направен ниту еден обид за нивна индоктринација со идеологијата на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
– „Море браќа бре, ами Силјан е шетан човек, им рекол некој стареа, тики видел земја секаква, ти видел море, тики со секакви луѓе се кунуштисал, да од тоа Силјан се научил вакви приказни и сторении да ни кажива.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има долга приказна и долг пат, не се гледа дали ќе се вратиш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куќерката моја, суниска и тесна пред мене ми личи ко внекоја бајка, кај дедо ми кажвал приказни и песни, над лелејка каде ми пеела мајка...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Дена дури догодина ќе оди в училиште и најмногу „паѓа”, на приказни и цртежи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Носеше со себе цело ранче со боички, фломастери и моливчиња, блокчиња и боенки, ама бидејќи нашиот „Стојадин” е еден невиден стар раскоп и додека се возевме се тресеше како да ќе се распадне, цртањето беше невозможно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)