приказна (имн.) - дека (сврз.)

И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за пример, Бугарија, која е членка на ЕУ и е четирипати поголема од нас по бројот на жители, има вкупно 500 судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А во одделни судови од државава има судии што, годишно, имаат во работа по 500 предмети, додека во други судови, на истиот број предмети, работат дури седум судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Си го зедоа Ферада Турците, го однесоа во Битола и му ја исприкажаа приказната дека тој арамија, Толета, не го фаќа куршум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Таму бев испитуван повторно и останав на мојата приказна дека јас немам ништо со партизаните туку дека бив само пилот кој се обидува да избега од земјата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ја гледа Петре оддалеку, ја спомнува приказната дека од една самовила се изродени најубавите девојчиња на светов и во песна ја проточува таа сказна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Почна да ми плете приказни дека пак бил кај истиот чичко, дека тој му кажал за моето семејство.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, приказната дека заминал на работа во странство беше за многумина најлогична.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои почнаа дури да плетат и приказни дека со дипломата во раце заминал некаде во странство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Патем речено,“ рече Ризо, „Пјерс те бараше вчера но го смував со некоја приказна дека бараш некој дел за Те-це-це. Ми требаше некое време да ми текне каде исчезна.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дали се вистинити, или само подоцна измислени приказните дека тој во неа е погребан?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега се чудеше како воопшто смеел до пред малку да се задржува надвор, потпирајќи се само на приказните дека ѕверовите се плашат од светлината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Измислив приказна дека си болен на умирање и дека последна желба ти е да му шепнеш нешто важно на Рус на уво.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сакам да кажам со ова приказна дека тој сиромавиот бил многу добродушен по душа, а богатиот бил многу клет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Има и такви кои сакаат да цицнат од левата брадавица, ама срам им е пред толку свет да глумат бебиња.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Аванти пополо, кон подножјето на приказната дека иднината на љубовта, а и на светот, се темели на писателската фантазија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)