приказна (имн.) - се (зам.)

Во концентрични кругови, приказната се открива како до крај неспознатлива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Настанот од приказнава се случил пред пет векови. Во Илјада и не знам која година.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(...) Вистинската фантастичност не се состои толку во строго прераскажаните околности колку во одекнувањето на отчукувањата, ненадејните удари на срцето нам непознато, поредок што секој момент може да нѐ искористи за некој од своите мозаици, исфрлајќи нѐ од здодевноста, е затоа за да ни турне молив или длето во рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и на приказна се сети само за да ни ја откриеш својата неприкосновеност, својата разумност!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога фантастичното ќе ме пресретне (понекогаш сум и јас посетител и моите приказни се раѓаат од доброто, взаемно воспитување долго дваесетина години) си припомнувам на засекогаш извонредниот Игоов фрагмент: „Секој знае што е едрена точка на некој кораб; точка на пресек, центар таинствен дури и за самиот градител на коработ, во кој се сретнуваат силите распрснати по целите развиени едра.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Френк- приказните се појавуваа во Вудринговите стрипови, во антологиските серии (Hyena, Pictopia, Snake Eyes) како и на неколку неверојатни места, како на пример The Milenium Whole Earth Catalog и на Hot Wired World Wide Web site; најраните приказни беа собрани во книга едноставно наречена Frank.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)