приказна (имн.) - го (зам.)

Оваа перспектива не би требало да се меша со онаа која вели дека нарациите функционирааат како одраз на животот, или како негово огледало.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Господ Саздов изгледа не знаеше дека Зумбул го викале коњот со кој Чауле се нашол пред вратата на црквата. (Ова ми го откри доктор Пачев кога слушна дека во приказната го спомнувам коњот на Чауле).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ма, сигурно... Кај постоело бесмртна вода... Тоа само во приказните го има...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Знаеше дека Велевата душа и без неговите приказни го чувствува животот повеќе како приказна отколку што го сеќава таков, каков што си беше за аргатите, тежок, безмилостив, волчи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За Бога зборуваш- рече Петре Даскалот. - Вистински, вистински- рече Ѕвезда- ама како приказна го кажувам...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Наместо тоа, наративната метафора вели дека индивидуите ги живеат своите животи преку приказни - приказните го обликуваат нивниот живот, тие имаат реални, не имагинарни, ефекти - и на тој начин му даваат структура на животот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Чауле зеде нова чаша со мастика и налеа во неа од водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)