приказна (имн.) - треба (гл.)

И бидејќи уметникот не може да прави ништо друго, овие приказни треба да бидат загаточни и несфатливи, т.е. некој вид индивидуална халуцинација и графоманија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Туку што стана, тој пак се врати, го отвори блокот и на внатрешната страница од картонскиот капак запиша: Сѐ во врска со приказната треба да биде така „документирано“ што авторот мора на читателот да му наметне верување дека тој ја зборува вистината и само вистината; но истовремено да биде несомнено и тоа дека сѐ што е раскажано е исто толку и повеќе од толку целосно измислено така што секоја сличност и помисла на стварноста да биде случајна; тоа го наметнува творечаката лага на којашто ќе биде подложен читателот привилегиран со вистината што следува!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со веќе подготвена приказна требаше да ја избегне својата "егзекуција".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)