приказна (имн.) - бев (гл.)

Мојата приказна беше иста со таа библиската: Годината,кога во земјата имало голема суша и глад, Големиот пророк одседнува кај вдовицата, барајќи да му меси погача.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А за Саво приказната беше војничка и вообичаена за сите воени лица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега можам слободно да кажам дека тие приказни беа најинтересното нешто што ми се случуваше во мојата академска кариера.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И во овој филм еден лик не беше реален - ликот на Џејн Вајман требаше да го игра девојка со бубуличаво лице.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неговите приказни беа цели испомешани. Ги мешаше Клерк Гебл со Стен Лорел и сл.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Името на стрипот беше „Живот во 120 Margina #22 [1995] | okno.mk пеколот” (Life in Hell), во најголем дел како реакција на животот во Л.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој пат се понижи поради љубов, и тоа во целата приказна беше главно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа можеби го видела мечето со закрпена рака, но нејзината приказна беше од „втора рака“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И така, редум пред мене, секоја нова приказна беше како сјајна и чудесно шарена, нова крцкава бонбона, која те предизвикува да ја пробаш за да ѝ го почувствуваш единствениот вкус, кој е секогаш толку различен, но и така сличен по некој состав и по мајсторлак познат само на создателот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас немав приказни. Лажев. Последна моја приказна беше ти. И детето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Приказната беше адаптирана од некое германско оперетско либрето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа ориентална приказна беше нивната фантазија, нивниот интимен филм како „Шеикот” на Рудолф Валентино, создаден во главата на малечката продавачка од киоскот во Данциг и младиот наследник на претпријатието со сточна храна, додека создаваа градови во облаци и на места на овој свет, подобри и позанесни одошто сивите квартови и улици на пристанишниот град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жал ми е што немаше повеќе успех, но верувам дека немаше успех затоа што приказната беше за човек што не сакаше ништо да направи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Френк- приказните се појавуваа во Вудринговите стрипови, во антологиските серии (Hyena, Pictopia, Snake Eyes) како и на неколку неверојатни места, како на пример The Milenium Whole Earth Catalog и на Hot Wired World Wide Web site; најраните приказни беа собрани во книга едноставно наречена Frank.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Формулата, и приказната беше готова - едноподруго.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)